HomeАктуелноРашковски и Тупанчевски заедно на првиот студентски час на Правен факултет

Рашковски и Тупанчевски заедно на првиот студентски час на Правен факултет

Фронтменот на судските реформи Никола Тупанчевски заедно со првообвинетиот во случајот „Софтвери“, Драги Рашковски им посакаа успех на судентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на првиот академски час по две години онлјан настава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тупанчевски пред медиумите изјави дека не гледа ништо спорно во присуството на Драги Рашковски на првиот академски час на Правниот факултет. Вели, додека нема правосилна одлука, секој заслужува достоинствен пристап.

За Рашковски и Тупанчевски функциите во владите на СДСМ не им се единствената заедничка точка, двајцата се професори на правниот факултет.

Професорската функција на Тупначевски е во мирување поради министерската позиција, а Рашковски, кој си даде оставка откако во јавноста почнаа да излегуваат скандали поврзани со неговото име, се врати на предавањето на правниот факултет, каде и покрај обвинувањата за пропневери на милионски суми продолжи да ги учи студентите.

На факултетот беше вратен  откако му беше укинат притворот и му беше определена мерка за претпазливост, со што остана без патната исправа. Во моментов тече судска постапка против поранешниот владин генерален секретар, за набавки на софтверот за детектирање на брзина на возилата и изрекување казни, но и систем за биометриска идентификација, кабини за истиот систем и камери за препознавање на таблици, за кои извршил набавка како генерален секретар на владата.

Под истрага се и парите кои ги добивале неколкумина од хонорарците, а кои според обвинителството, дел завршувале кај Рашковски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.