HomeАктуелноРезултати од Локалните избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ освои со 54 општини

Резултати од Локалните избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ освои со 54 општини

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има осум градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник. Две општини ќе ги водат независни кандидати.

На вториот изборен круг вчера се избираа градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. На 19 октомври, пак, во првиот круг, беа избрани 44 градоначалници.

Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше вчера немаше гласање. Причината е недоволниот одѕив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Ова се осми Локални избори во земјата, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

На Локалните избори 2025 учествуваа вкупно 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.