HomeАктуелноРепублика Северна Македонија во Брисел го започнува процесот на објаснувачки скрининг

Република Северна Македонија во Брисел го започнува процесот на објаснувачки скрининг

Согласно денешната агенда на владината делегација попладнето во Брисел започнува состанокот за отпочнување со скрининг процесот. На овој состанокот за скрининг воведно обраќање и образложување на позициите на државата ќе има заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, а ќе говори и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопштија од владината прес-служба, скринингот ќе се состои од две под-фази односно процеси. Едниот од процесите е објаснувачки скрининг на кој Европската Комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачките состаноци, а истовремено, се подвлекува, ќе тече и уште еден со процесот на билатерален скрининг.

Преку билатералниот процес земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

– Овие процеси ќе се спроведуваат во период кој би траел најмалку една година и согласно новата Методологија на ниво на кластери. Календарот за спроведување на скринингот ќе се дефинира во соработка со Европската Комисија, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.