HomeАктуелноРиболовците на пауза – Маврово воведе тримесечна забрана за риболов

Риболовците на пауза – Маврово воведе тримесечна забрана за риболов

Заврши риболовната сезона во Националниот парк „Маврово“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Националниот парк „Маврово“ донесе одлука за завршување на риболовната сезона во водите на своето подрачје – Мавровското Езеро, реката Радика и нејзините притоки – за сезоната 2024/2025 година.

Со оваа одлука, од 1 ноември е воведена забрана за риболов, која ќе трае до 31 јануари 2026 година. Забраната се однесува на сите видови риби во сите водни ресурси на паркот.

Овој период е наменет за заштита и обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување одржлив развој на спортскиот риболов во идните сезони, изјави директорот на паркот, кој најави дека новата сезона за спортски риболов ќе започне на 1 февруари 2026 година.

Од Националниот парк упатија благодарност до сите спортски риболовци за разбирањето и почитувањето на одлуката, нагласувајќи дека со тоа сите заеднички придонесуваат кон заштита на природното богатство на „Маврово“.

Благодарение на континуираната грижа за заштита и збогатување на рибниот фонд, во последните години на бреговите на Мавровското Езеро и реката Радика се зголемува бројот на домашни и странски спортски риболовци, особено во летните месеци, викенди и празнични денови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.