Стефан Ристовски, капитенот на македонската фудбалска репрезентаци поради повреда ќе го пропушти вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, но на социјалните мрежи тој испрати порака до Бугарите во која им посака добредојде.

„Добредојдовте во Македонија… сега е наш ред… европски да ве пречекаме“, во позадина со бугарската песна „Васко Жабата“ порача Ристовски преку Инстаграм.
