HomeАктуелноРодено 700-то бебе годинава во болница Плодност

Родено 700-то бебе годинава во болница Плодност

Вчера во Болница Плодност од Битола на свет  дојде и 700 бебе за оваа година, со што го надминаа навниот рекорд по број на новороденчиња, од постоењето на болницата.
Ова е нов историски момент за нас, бидејќи за прв пат надминуваме број од 700 новороденчиња за помалку од една година, велат од Болница Плодност.
Со неизмерна радост го дочекавме 700 бебе, машко, родено во нашата болница оваа година. Нашето семејство постојано се зголемува, на радост на родителите, но и на сите вработени во болницата. Им благодариме на сите пациентки, кои ја препознаваат нашата грижа и љубов дадена за мајките и нивните новороденчиња, а ние и натаму, остануваме посветени за нивното здравје и среќа. На родителите им посакуваме многу среќа и радост, со најубавиот предновогодишен подарок, нивниот син, истакна прим. д-р Таше Трпчевски, директор на Болница Плодност.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.