HomeАктуелноРуските сили се повлекле од околината на Киев и од Славутуч

Руските сили се повлекле од околината на Киев и од Славутуч

Украинската армија во најновиот извештај објави дека „по претрпените значителни загуби” руските сили се повлекле од околината на Киев.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Двата баталјони на тактичките единици на руската армија се повлекле во Белорусија, што е карактеристично по големи загуби, се наведува во извештајот.
Исто така се наведува дека е  забележано „значително намален интензитет на движење од Русија кон Украина”.

Во меѓувреме, градоначалникот на Чернобил , Јуриј Фомичев објави дека руските војници го напуштиле градот Славутуч, каде беа сместени работниците во нуклеарната централа Чернобил.

Руските сили во саботата ја презедоа контролата врз Славутич и накратко го приведоа градоначалникот. По протестите на жителите на градот, Фомичев беше ослободен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.