Како што претходно информираше powerinfo.mk вчера, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид со 3 пожарникари и 1 противпожарно возило интервенирале на запалено моторно возило на булеварот „Туристичка“, информираат од РЦУК Охрид.
Како што веќе објавивме, автомобил марка „Голф 6“ се запали денеска во центарот на Охрид, на кружниот тек кај Sparkasse банка. Според првичните, неофицијални информации, пожарот избувнал во пределот на моторот на возилото и истиот бил изгаснат спо итна реакција на екипа на охридската територијална противпожарна единица.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата.
