HomeАктуелноСанкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.04.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат
обврските како возачи. При контролата санкционирани се 89 возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.