Во текот на вчерашниот ден од 09 до 15 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни акциски контроли.
Притоа, полициските службеници во Охрид, затекнале и санкционирале 73 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (48-надвор од населено место, 25-во населено место), додека во Струга 32 возачи возеле со поголема брзина од дозволената (05-надвор од населено место, 27-во населено место), информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во Кичево биле затекнати 32 возачи (02- надвор од населено место, 30-во населено место), а во Дебар 07 возачи ја надминале дозволената брзина на движење (05 надвор од населено место, 02-во населено место), додава Димоски.
