Во Општина Пустец вчера се одржа Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, настан кој традиционално ги обединува љубителите на македонската музика, ора и народни обичаи. Фестивалот е познат по тоа што собира фолклорни друштва од целиот регион, а оваа година учество зедоа и ансамбли од Охрид.
Преку богата и разновидна програма, учесниците успеаја да ја пренесат убавината на македонското културно наследство, потсетувајќи колку е важно зачувувањето и негувањето на традицијата.
Настанот го следеа бројни посетители, меѓу кои и пратеникот во Собранието на Македонија, Сашо Донев, како и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Организаторите упатија честитки до сите учесници и изразија задоволство што фестивалот и оваа година ја исполни својата мисија – да ги поврзе луѓето преку музиката и фолклорот.
