HomeАктуелноСветот во тага, огромна трагедија: Загина младиот фудбалер Диого Жота

Светот во тага, огромна трагедија: Загина младиот фудбалер Диого Жота

Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота загинал во сообраќајна несреќа во Шпанија, информираат медиумите во Португалија, а веста ја потврди и „Марка“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Подоцна веста ја потврдија и „Дејли Мејл“ и „Сан“. Фудбалерот бил заедно со неговиот брат Андре, кој е меѓу загинатите. Наводно во еден момент возилото излетало од патот и се запалило, а потоа оганот се проширил на блиската вегетација.

Жота (28) во својата кариера играше и за Вулверхемптон, Порто, Атлетико Мадрид и Пасош Фереира.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.