Денешниот датум, 5-ти октомври ширум светот се одбележува како Меѓународен ден на учителите.
„Раните години на 21 век, не се лесно време да се биде учител. Додека порано наставниците беа високо почитувани во својата професија и претставуваа модел и инспирација за децата, во денешно време стануваат жртвени јагниња на неуспесите на образовниот систем. Несомнено, професијата учител е исправена пред големи предизвици. “, се вели во белешката на УНЕСКО по повод празникот.
Оваа година во средиштето на одбележувањето на Светскиот ден на учителот се младите учители/наставници, а мотото гласи: Младите учители-иднината на професијата!
Меѓународен ден на учителите за прв пат е востановен во 1993 година од страна на УНЕСКО.
