HomeАктуелноСВР БИЛТЕН: Нарушување на јавниот ред и мир, семејно насилство, зајакнати сообраќајни контроли, говор на омраза

СВР БИЛТЕН: Нарушување на јавниот ред и мир, семејно насилство, зајакнати сообраќајни контроли, говор на омраза

На 21.01.2023 година во 03 часот, во СВР Охрид приведен е Л.Ш.(18) од Охрид кој претходно, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, се однесувал агресивно кон полициските службеници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од СВР Охрид информираат дека на 20.01.2023  година  во 08,10 часот, во СВР Охрид пријавен е дека А.Ј.(17) од Охрид, во семејниот дом, со остар предмет и се заканувал на неговата мајка а потоа физички ја нападнал.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.01.2023 година од 15 до 21 часот, при преземени сообраќајни контроли во Охрид Полициските службеници затекнале 19 возачи кои, управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (10-надвор од населено место, 09-во населено место). Против нив, поднесени се соодветни платни налози.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(24) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, по текст објавен од еден портал, постирал коменар со кој ширел говор на омраза и поттикнувал насилство, додава потаролот Димоски.

 

извор: БИЛТЕН СВР ОХРИД

подготвил: E.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.