Приведен охриѓанец за агресивно однесување информираат од СВР Охрид.
На 22.10.2022 во 00.55 часот во СВР Охрид приведено е 23 годишно лице од Охрид, кој претходно на улицата „Партизанска“ во Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и удирање на стакло од угостителски објект на истата улица. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава,информира потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, приведени се две лица.
На 21.10.2022 година во 09.40 часот во СВР Охрид приведени се 41 годишно лице од Охрид и 32 годишно лице од струшкото село Татеши затоа што во близина на бензиска пумпа на булеварот „Железничка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.
