HomeАктуелноСВР Куманово со превентивни активности за заштита од кражби и имотни деликти

СВР Куманово со превентивни активности за заштита од кражби и имотни деликти

СВР Куманово ја продолжува кампањата „Безбедно лето“ по населбите во Куманово со средби со граѓани, соопштија денеска надлежните од полицијата. Полицијата подели информативни летоци за поголема заштита од кражби и имотни деликти на жителите од населбата „Тоде Мендол“.

Полицијата ги повика граѓаните во летниот период да преземат поголеми мерки за безбедност и заштита на нивните домови и имотот за време на годишните одмори. Меѓу препораките кои ги наведува полицијата, а кои треба да ги преземат граѓаните пред заминување на одмор е да ги затворат прозорците и вратите, да не дозволуваат влез на непознати лица во домовите, да пријават доколку забележат нешто сомнително на 192, да развиваат добрососедски односи. Граѓаните треба да ги чуваат вредните предмети на сигурно место, да не се остава впечаток дека се отсутни од дома, домовите треба добро да се осветлени и по можност да се инсталираат алармни уреди и безбедносни камери

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-По планот за „Безбедно лето“ Секторот за внатрешни работи Куманово преку своите организациски единици реализираше превентивна активност со граѓани кои живеат во населбата „Тоде Мендол“. При непосредни средби на граѓаните им беа поделени летоци со практични совети за поголема заштита од кражби и имотни деликти и преку кратки едукативни разговори им беше укажано за последиците од консумирањето алкохол и наркотични средства. Исто така, беше разговарано и беа поделени материјали со едукативна содржина со цел заштита од пожари, соопшти полицијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.