СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Л.(22) од Охрид поради
постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено
изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки
материи“.
При преглед во неговиот патнички автомобил, извршен на булеварот
„Туристичка“ во Охрид, полициските службеници пронашле и одзеле вкупно
8980 парчиња пиротехнички средства, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
