На 11.11.2022 во 14.40 часот приведено e 31 годишно лице од Охрид кај кого е пронајдена марихуана, информираат од СВР Охрид.
При преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, вели портпаролот Стефан Димоски.
Нарушен јавниот ред и мир со физички напад пред угостителски објект.
На 11.11.2022 околу 23.30 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 36 годишно лице, двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Димоски.
СВР Охрид поднесе и кривична пријава против 36 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом во Охрид, што привремено го користел, полициските службеници од Одделението за борба против дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана и кокаин, додава Димоски.
