HomeАктуелноСВР Охрид со детали за несреќата кај Лабино

СВР Охрид со детали за несреќата кај Лабино

На 02.11.2022 година во 13.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека е пронајдено повредено лице на плажата „Лабино“ на брегот на Охридското Eзеро во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од извршениот увид констатирано е дека 68 годишно лице од Охрид се движел покрај карпите над плажата и паднал, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Како што претходно информиравме, лице кое паднало од карпа на тешко пристапен терен кај Лабино со брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид било пронајдено и траспортирано со пловен објект во Општата болница во Охрид.

Лицето било пронајдено во свесна состојба со видливи повреди на главата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.