На 01.05.2022 од 00.00 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија контроли во угостителските објекти во Охрид.
Притоа, во угостителски објект лоциран на ул.„Стив Наумов“ во Охрид затекнати се повеќе малолетни лица од Охрид и Струга. При контролите, инспекциските служби констатирале повеќе недоследности во работењето од нивна надлежност. По овие основи изречени се соодветни казни, информираат од МВР.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(25) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 02.02.2022, полициски службеници извршиле контрола и не ја затекнале пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, додаваат од МВР.
