HomeАктуелноСДСМ: Го прошируваме Интервентниот фонд за земјоделство, поголема поддршка за земјоделците

СДСМ: Го прошируваме Интервентниот фонд за земјоделство, поголема поддршка за земјоделците

Владата предводена од СДСМ презема мерки за помош и поддршка на домашното земјоделство во време на најголема глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високи ниво.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
За таа цел ја воведовме Програмата за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари, средства кои во голем дел ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растителното производство.
Годинава е направено усогласување на износот за реализација на мерката „зелена нафта“, кој е зголемен за 13%.
Она што е особено важно е што овој Интервентен фонд го прошируваме со нови мерки за поддршка на земјоделците.
Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед и пченка.
Минатата недела, исплатени се над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка.
СДСМ како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки кои обезбедуваат квалитетно домашно земјоделско производство.
извор: Центар за комуникации со јавноста
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.