HomeАктуелноСДСМ: ДПМНЕ е за изолација, СДСМ за членство во ЕУ и поголеми плати и пензии

СДСМ: ДПМНЕ е за изолација, СДСМ за членство во ЕУ и поголеми плати и пензии

Соопштение за јавност

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На политичката сцена во земјата има два спротивни концепти – на ДПМНЕ, кој е за изолација и на СДСМ, кој е за членство во ЕУ.

Интеграцијата носи економски напредок и подобар животен стандард на граѓаните, а изолацијата економско уназадување.

Позитивните ефекти врз економијата во првите години од членството во ЕУ на земјите кои досега се зачлениле се најсилен показател.

Во првите 5 години од членство во ЕУ платите за работниците растат од 70-100%.

Ако СДСМ успеа за краток период да ја зголеми двојно минималната плата на 20.000 денари, просечната плата на 37.000 денари и просечната пензија за 40%, со членство во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат.

Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира.

ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место. Нема ниту аргументи зошто сака да блокира подобар животен стандард на граѓаните.

Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени. Државата да продолжи по европскиот пат.

СДСМ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.