Зад одлуката за прогласување на две паркинг места на Кеј Македонија за паркинг во хуманитарни цели, што на последната седница ја усвои мнозинството предводено од ВМРО ДПМНЕ, всушност се крие покачувањето на надоместокот на услугите за користење на паркинг простор, обвинуваат охридските социјалдемократи.
Со одлуката која ја усвои ВМРО ДМПНЕ речиси цел Булевар Македонски Просветители влегува во премиум паркинг зона и надоместокот за паркинг услуга во летото ќе биде 100 ден наместо досегашните 60 ден, а дел од ул. Партизанска и тоа од пресекот на Булевар Македонски Просветители со ул. Партизанска до пресекот на ул. Партизанска со новопроектираната улица кај стара Автобуска станица влегува во Зона А и надоместокот за паркинг зона во лето ќе изнесува 40,оо денари наместо досегашните 30,оо денари. – велат од СДСМ.
Со донесување на оваа одлука најпогодено ќе биде резидентното население, но и дуќанџиите и угостителите кои гравитираат на овој потег, затоа што согласно важечките акти во премиум зоната и во А зоната не е дозволен месечн и годишен билет, предупредува СДСМ.
И додека изминатите години намалувавме цени за паркинг простор на барање на угостителите, сега на еден суптилен начин се донесе одлука со која истите се зголемувааат, што секако е неприфатливо. СДСМ нема да прифати ваква одлука посебно не во услови кога се прошири опсегот на работа на ЈП Билјанини Извори, кое на стопанисување доби нови простори за оформување на паркинг простор. – стои во реакцијата.
СДСМ смета дека хуманитарен паркинг треба да има и во премиум зоната и во А зоната, односно на предлог на јавното претпријатие Советот да ги утврди хуманитарните паркинг места.
Само на овој начин хуманитарните паркинг места ќе ја постигнат својата цел, јавното претпријатие ќе покаже дека навистина има сериозна намера дел од средствата од граѓаните да ги донира за хумани цели, а за граѓаните дополнителен мотив да ги одберат баш тие места за паркирање на своите возила. Секое поинакво постапување е веќе познатото популистичко делување на ВМРО ДПМНЕ со кое со наводен хуманитарен паркинг го кријат поскапувањето на цените за да го амортизираат револтот на граѓаните. – се вели во партиската реакција.


