HomeАктуелноСДСМ: За една година шпицниот градоначалник Мицкоски создаде хаос во општините

СДСМ: За една година шпицниот градоначалник Мицкоски создаде хаос во општините

Хаосот што ВМРО-ДПМНЕ го создаде во Град Скопје е најголемиот доказ за неспособноста и неодговорноста на партијата предводена од Христијан Мицкоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните.

За само една година градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски создадоа целосен хаос во општините.

Нефункционални јавни претпријатија, поскапи и понеквалитетни услуги за граѓаните, нема проекти, нема инвестиции, нема развој, но затоа има раце во мед за тендери, кавги за влијание и провизии.

Тоа е резултат на шпицниот градоначалник Мицкоски.  Тој самиот се постави како шпицен градоначалник на сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски како неговиот ментор и шеф Никола Груевски оди по општините, иако нема никаква надлежност прави увиди и се фали со проекти на поранешните градоначалници од СДСМ

Шпицниот Мицкоски во име на градоначалникот на Град Скопје, од партиска говорница самиот кажа дека лично тој преговара за набавки на 100 еколошки автобуси, исто како што правеше и Груевски.

Ете го резултатот на шпицниот градоначалник, наместо бесплатен превоз во Скопје се случи да нема превоз

Наместо помош за граѓаните во време на криза, има повисоки сметки за комунални услуги. Наместо почисти, имаме нај нечисти општини во историјата.

Ветувањата пред граѓаните не се исполнуваат. Градоначалниците и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување.

Дефинитивно нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ тоа е истата партија која ја интересираат само личните и бизнис интереси на поединци, додека интересите на граѓаните им се на последно место.

 

Центар за комуникации со јавноста

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.