HomeАктуелноСДСМ: Обвинителство да ги истражи сите јавни наводи за Мицкоски поврзани со рекет и закани кон бизнисмени

СДСМ: Обвинителство да ги истражи сите јавни наводи за Мицкоски поврзани со рекет и закани кон бизнисмени

Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи јавно пласираните наводи за рекет и закани кон бизнисмени од страна на Христијан Мицкоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Долгогодишен познат бизнисмен и актуелен градоначалник во јавноста излегоа со ставови кои укажуваат на евентуално незаконско дејствување на Мицкоски.

Бизнисмен јавно му порача на Мицкоски да престане да му се заканува, додека актуелен градоначалник на една скопска општина излезе со сличен став дека Мицкоски се заканувал кон стопанственици.

Ова, почитувани, воопшто не се наивни тврдења, особено што со последната пресуда јавноста виде за што е способна ВМРО-ДПМНЕ кога во прашање е крадењето на парите на граѓаните.

Затоа, надлежните институции, првенствено Јавното обвинителство мора да постапат, да ги истражат овие наводи и со тоа да спречат нов „Талир 2“ нов случај „Плацови на Водно“

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.