HomeАктуелноСДСМ: СОНК да го продолжи дијалогот, ова е штета на децата

СДСМ: СОНК да го продолжи дијалогот, ова е штета на децата

Интересот на децата и образовниот процес треба биде заеднички приоритет.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прекинот на наставата може сериозно да се одрази врз наставниот процес и да им наштети на учениците.

За негативните последици од прекинот на наставата предупреди и УНИЦЕФ, најголемата меѓународна организација за помош на децата во светот.

Ако се продолжи со прекин на наставата, учениците и наставниците ќе се соочат со пролонгирање на школската година или ќе мора изгубените часови да се надоместат со настава во сабота.

Прекин на наставата може да им наштети на уписите, на државната матура, но и на околу петстотини наставници кои треба да полагаат стручен испит.

Затоа апелираме СОНК да се врати на разговорите, да продолжи социјалниот дијалог, само така ќе може да се дојде до решение.

Владата предводена од СДСМ покажа слух и разбирање за сите граѓани, за сите работници. Покажа дека го вреднува трудот на наставничките, воспитувачките, учителите, на сите.

За период од четири и пол години платите во образованието се зголемени од 3.200 до 6.400 денари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.