HomeАктуелноСДСМ: Со СДСМ и Ковачевски земјава стана фактор на стабилност на Балканот

СДСМ: Со СДСМ и Ковачевски земјава стана фактор на стабилност на Балканот

Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски Република Северна Македонија се потврдува како фактор на стабилност во регионот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.

Сите прашања со соседите ги имаме решено, при тоа цврсто штитејќи ги и зајакнувајќи ги националните интереси и државните позиции.

Признание и потврда дека Македонија е почитувана и вреднувана од страна на САД и Европската Унија е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија се случи токму во Охрид.

Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот.

 

Центар за комуникации со јавноста

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.