HomeАктуелноСДСМ: Со СДСМ и Ковачевски рекордно зголемување на пензиите од 6,8% за сите пензионери

СДСМ: Со СДСМ и Ковачевски рекордно зголемување на пензиите од 6,8% за сите пензионери

Со СДСМ и Ковачевски рекордно зголемување на пензиите од 6,8% за сите пензионери

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Грижата за граѓаните и политиките на владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски доведоа до рекордно зголемување на пензиите.

Околу 330.000 пензионери ќе земат септемвриска пензија повисока за 6,8 проценти.

Просечната пензија, која во јули 2022 година изнесуваше 16.348 денари, со усогласувањето од 6,8 проценти во септември изнесува 17.422 денари, што е за 1.074 денари повеќе.

Рекордното зголемување на пензиите се должи на новата методологија за усогласување на пензиите со комбиниран модел со порастот на просечната плата и порастот на трошоците за живот.

По стабилизирањето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ со инклузивен пристап, низ дијалог со сите засегнати страни, воспостави систем, според кој пензиите ќе се усогласуваат со растот на платите и трошоците на живот два пати годишно во март и во септември и никогаш повеќе нема да зависат од нечија политичка волја или да бидат предмет за уцени и манипулации на пензионерите.

СДСМ продолжува со мерки и политики за вистинска грижа за сите граѓани.

 

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.