HomeАктуелноСеверна Македонија отвора почесен конзулат во Едрене

Северна Македонија отвора почесен конзулат во Едрене

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го отвори првиот почесен конзулат на Република Северна Македонија во регионот на Едрене, Република Турција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамките на посетата, Османи ќе има средба и со валијата на Едрене, Хусејин Куршат Кирбијик, како и со наши студенти кои студираат на Универзитетот Тракија во овој град.

Градот Едрене како трговски центар има континуирана растечка индустрија и отворањето на почесниот конзулат токму во овој град дополнително ќе ги зајакне, трговските, културните и туристички врски меѓу Северна Македонија и овој регион на Турција, соопшти МНР.

Почесен конзул на Република Северна Македонија во Турција со јурисдикциско подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, со седиште во Едрене, е Есер Џевахир.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.