Седум лица загинаа во две одвоени, но поврзани престрелки во северниот дел на Калифорнија, во крајбрежниот град Халф Мун Беј. 4 жртви од нападот биле откриени на фарма за печурки а останатите во соседна компанија за транспорт. Напаѓачот доброволно и се предал на полицијата а мотивот засега е непознат. Дел од жртвите ги убил пред очите на деца соопшти полицијата.
Едно лица пак е убиено а седум се ранети во пукање на бензинска пумпа во градот Оукленд. Тоа беше второто масовно фатално пукање вчера а трето за три дена во американската сојузна држава Калифорнија.
