HomeАктуелноСедум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Седум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден,  полицијата констатирала непочитување на законите кај седум патнички возила што вршеле меѓународен превоз на патници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.