Уште една волшебна вечер на Фестивалот „Охридско лето“.
На сцената на амфитеатарот на Долни Сарај публиката ужуваше во настапот на светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и ансамблот „Камерата“ Нови Сад и изведбата на проектот „Кармина Бурана“, во режија на Ана Крстајиќ,.
Пред настапот на светски познатиот виолинист на цената на Долни Сарај се појави српскиот министер Никола Селековиќ кој денеска ќе присуствува на отворањето на Конзулатот на Србија во Охрид.
-Фестивалот „Охридско лето“ ја слави културата, а културата не е култура ако зад неа не стои јазик, истакна министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ. кој синоќа пред настапот на српскиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад, пред присутните се обрати на македонски јазик.
