HomeАктуелноСе воведува зона за хуманитарни паркинзи

Се воведува зона за хуманитарни паркинзи

Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Во насока на поддршка на нашите сограѓани на кои тоа им е најпотребно, воведуваме зона за хуманитарни паркинзи информираат од Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Средствата кои ќе бидат сорбани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно. За почеток е предвидено две паркинг места на улица „Кеј Македонија“ да бидат посебно обележани, а планирано е во иднина хуманитарни паркинзи да се обележат на повеќе локации низ градот, додаваат во соопштението.

Потенцираат дека Охрид од секогаш бил хуман град, а цел е да се продолжи да се развива во таа насока.

Носител на проектот е ЈП „Билјанини извори“, додека Општина Охрид е прва општина во Македонија која воведува ваков тип на паркинг простор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.