HomeАктуелноСе огласи таткото на исчезнатата мала Данка: Даде срцепарателно ветување

Се огласи таткото на исчезнатата мала Данка: Даде срцепарателно ветување

Таткото на малата Данка Илиќ која исчезна вчера околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор се огласи на социјална мрежа и испрати шокантна порака.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Злато татино, тато ќе те најде. Свет мој мал – напиша на Фејсбук.

Во потрагата по девојчето биле вклучени сите дежурства на МВР на Србија и системот „Најди ме“ е активиран за прв пат откако е пуштен во Србија. Обемната потрага продолжи и денеска бидејќи од девојчето нема трага.

Исчезнала во 13 часот и 45 минути кога нејзината мајка отишла да му полие вода на постарото дете.

Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше – раскажала за Телеграф преплашената мајка.

Носеше виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.