ЈП Водовод Охрид започна со реконструкција на старата и поставување на нова водоводна линија на улицата „Ѓорче Петров”.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, со профили ф 110 мм во должина од 330 метри, ф 90 мм во должина од 80 метри и ф 63 мм во должина од 70 метри, информираат од претпријатието.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од локалната самоуправа на Општина Охрид.
