HomeАктуелноСилен земјотрес во Еквадор

Силен земјотрес во Еквадор

Земјотрес со јачина од шест степени е регистриран северно од еквадорскиот град Гвајакил, соопшти локалниот Геофизички институт.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Регистриран е земјотрес во 17.30 часот по локално време со јачина од шест степени, на длабочина од 57,83 километри на 12,59 километри од општината Симон Боливар, Гуајас, се вели во објавата на Институтот на Твитер.

Според локалните медиуми, силни потреси се почувствувани во градовите Гвајакил, главниот град Кито, Санто Доминго, Амбато, Сигос и Куенка. Засега нема извештаи за жртви или поголема материјална штета.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.