Поголемиот дел од Европа и Балканот моментално се под влијание на силна циклонска активност, што резултираше со обилни врнежи од дожд и формирање на секундарен циклон во Џеновскиот залив. Овој систем влијае на областа на Алпите, Италија, Јадранот и неговата заднина.
Словенија ја зафати силно невреме, придружено со многу обилни врнежи од дожд, а на височини над 1.500 метри надморска височина паднаа дури 70 до 100 сантиметри снег. Оваа појава, која е придружена со грмежи, не е невообичаена за овие региони. Сепак, добрата вест е што речните корита се подготвени да примат големи количества атмосферски води поради претходниот сушен период.
Подрачјата долж јадранскиот брег, како и неговата заднина, во моментов се под влијание на многу обилни дождови, а се очекуваат обилни врнежи од дожд придружени со грмежи. До 300 литри дожд се предвидува на југозападот на Црна Гора. Ваквите количини на врнежи можат да предизвикаат опасност од поплави, порои и одрони.
Силно невреме придружено со силен ветер во текот на ноќта меѓу петокот и саботата погоди бројни делови на Босна и Херцеговина.
Времето денес:
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Времето утре:
Променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Прогноза за 27.02.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 28.02.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец.
