HomeАктуелноСилјановска: Оваа власт е нелегитимна, премиерот и најголемиот дел од министрите не биле на избори, затоа се потребни избори

Силјановска: Оваа власт е нелегитимна, премиерот и најголемиот дел од министрите не биле на избори, затоа се потребни избори

Во ниту еден ЕК извештај не е забележан, бидејќи се однесува на почитување на права на малцинства, не е посочен проблем со Бугарија. Во Договорот со Бугарија нема барање за внесување на Бугарите во Уставот, ниту некогаш до сега Бугарија посочувала ваков проблем.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За Македонија во сите меѓународни извештаи било истакнувано дека има уставни гаранции и дека има повисоки стандарди за почитување на малцинствата над меѓународните, рече професорката Гордана Силјановска Давкова која е и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на утринската емисија „10 Студио” на телевизија 24 коментирајќи ги актуелните случувања меѓу Македонија и Бугарија.

Според неа профилот на политичарите е многу важен, ова што се случува во Бугарија е поврзано и со нас, но и нашиот однос кон соседите.

„Ние се покажавме како држава која нема себепочит, ако секое барање однадвор поминувало со поддршка од надвор се покажува дека. Бугарија сега е дел од фамилијата, а фамилијата си ги штити децата”, укажува Силјановска.

Говорејќи за актуелната тема за промена на Уставот поради внесување на Бугарите во истиот, таа вели, нема да гласам од следниве причини.

„Уставот е највисок правен акт и е општествена повелба, секоја власт има мандат само за она со што излегла на избори, оваа власт не го кажала тоа пред граѓаните. Тоа мора да се каже пред граѓаните, а не е кажано. Тоа го нема ниту во Договорот со Бугарија значи се почитуваат правата на сите граѓани. Едноставно е се знае од каде доаѓа иницијатива за промена на устав, иницијатива за промена на Уставот не може да доаѓа од надвор”, рече Силјановска.

Таа е категорична дека „оваа власт е нелегитимна, премиерот си замина, најголемиот дел од министрите не биле на избори, затоа се потребни избори”.

Во однос на предлог законот за амнестија, Силјановска вели дека крајно време е да се преиспита квалификацијата за она што се случуваше на 27 април.

„Во битието на ова дело има нешто погрешно, тероризам не може никако да се препознае”, посочи Силјановска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.