Времето денеска изутрина ќе биде свежо, а преку денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје сончево со слаб јужен ветер.
Во Охрид ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени Целзиусови.
До четврток ќе се задржи стабилно време, а од петок во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
