HomeАктуелноСиноптичарите со нова прогноза – Еве какво време ќе имаме за викенд

Синоптичарите со нова прогноза – Еве какво време ќе имаме за викенд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до осум степени.

Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи во Охрид времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до седум степени.

Во недела претпладне ќе има слаб локален дожд, а потоа во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.