HomeАктуелноСкршена од болка се огласи и Ева Заева – објави никогаш видена фотографија со починатиот Душко

Скршена од болка се огласи и Ева Заева – објави никогаш видена фотографија со починатиот Душко

Ева Заева се прости од прерано починатиот млад бизнисмен Душко Чифлиганец со емотивна објава на својот Инстаграм профил. Таа објави црно-бела фотографија придружена со емотикон на скршено срце, а во позадина ја додаде песната „Always“ од Џон Бон Џови – знак на тага и лична болка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Иако Заева и Чифлиганец никогаш јавно не ја потврдија својата врска, нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи изминатите години сведочеа за блискоста и приватниот однос меѓу нив.

Станува збор за црно-бела фотографија на која се гледа како се држат за рака, а Ева сподели и едно скршено срце.

Ова е многу тежок и тажен ден за неа, но и за сите кои беа блиски и го познаваа Душко чиј живот згасна на 32-годишна возраст.

Тој загина по несреќата што се случи на 2. август на мото-трка во Брно, откако докторите 24 часови се бореа за неговиот живот.

Младиот бизнисмен и генерален менаџер на компанијата „Адора“ во болницата беше донесен во тешка состојба, а докторите направија сé што беше во нивна можност за да го одржат во живот, но безуспешно.

Тој беше познат по својата страст по автомобили и мотори, како и по љубовта со Ева, иако тие никогаш не ја потврдија нивната врска.

Нивните заеднички фотографии пред неколку години често можеа да се видат и во медиумите, и тие секогаш беа среќни заедно.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.