HomeАктуелноСлавјанка Петровска: Северна Македонија е подготвена да има прва жена генерал

Славјанка Петровска: Северна Македонија е подготвена да има прва жена генерал

Апсолутно сметам дека имаме потенцијал да имаме прва жена генерал и ја сум подготвена да поддржам такво решение, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Петровска денеска во гостување во емисијата „Утрински брифинг“, на прашањето кога Северна Mакедонија ќе има жена генерал, рече дека армиските сили имаат квалитетни кандидатки.

– Од моето неколкумесечно искуство и директна соработка и работа со персоналот и во Министерството и во Армијата, бидејќи кандидатката треба да биде воено лице, апсолутно сметам дека да – имаме таков потенцијал и мислам дека тоа е нешто што треба да се валоризира, не само заради тоа што некој е жена, туку заради тоа што навистина поседува квалитети, изјави министерката.

Таа додаде дека во Министерството за одбрана и во Армијата во тек  се проекти кои ги спроведуваат во соработка со Канцеларијата на Обединетите Нации и со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), кои се однесуваат на таргетирање на родово сензитивни прашања.

– Тие вродуваат со огромен успех и се разбира дека секогаш ќе ја имаат мојата политичка поддршка за тоа, додаде Петровска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.