Посебен режим на сообраќај во Охрид во текот на претстојниот викенд, го нема хаосот по клучните булевари, без паркирани возила на тротоарите и велосипедските патеки, денес како никогаш Охрид добива безбеден сообраќај, граѓаните се прашуваат дали барем приближно на оваа слика може Охрид да добие секојдневно, така што ќе го надвладее сообраќајнот хаос?
Меѓу задоволните граѓани од како што велат слика која Охрид ја заслужува, нашата редакција наиде и на нервозни возачи кои синоќа беа заглавени во колоните, чекајќи да помине делегацијата и конечно слободно да се движат, додека имаше и такви кои се вознемирени поради зголеменото полициско обезбедување во градот и километражните колони бидејќи беа недоволно информирани за безбедносните протоколи.
Средбата на Вучиќ и Курти го „измиј“ и се уште не изградениот автопат Охрид-Кичево, кој е во децениската изградба. Имено, од автопатот кој почна да се гради пред девет години, во февруари 2014 година,завршена и пуштена за сообраќај под времен режим е само делницата меѓу Требеништа и Охрид долга 8,5 километри.
Вчера, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ покрај главните булевари кој се движи делегацијата, целосно го исчистија Охрид.



Е.Р
