HomeАктуелноСлушнете ја „Ќе те женам, ќе те сменам“, ново ремек дело на Игор Џамбазов и Мишел Трајковски

Слушнете ја „Ќе те женам, ќе те сменам“, ново ремек дело на Игор Џамбазов и Мишел Трајковски

Легендарниот актер, пејач и шоумен Игор Џамбазов и маестро Мишел Трајковски со ново ремек дело. „Ќе те женам, ќе те сменам“ е насловот на новата песна во изведба на Игор Џамбазов и Мишел Трајковски. Песната  е создадена за новиот филм „TE DUA, жими мене“ кој ќе биде премиерно изведен на 22-ри Септември во кино салите на Cineplexxx.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Станува збор за тројца другари, квази фраер, коцкар и хармоникаш кои запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста од Албанија.

Музиката и аранжманот се дело на Мишел Трајковски а текстот на песната ја напиша Игор Џамбазов. Останатите членови на бендот се: Маестро Иван Кукиќ на бас гитара и Зоран Трендов на гитара. Песната е снимена во студиото „ТРАЛАЛА“ на Мите Димоски.

Режисер на овој филм е Марјан Гавриловски, а сценарист е Никола Кузелов.

Уживајте во ВИДЕОТО

 

фото: приватна архива /подготвил: Елена Ристеска

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.