HomeАктуелноСнег на планинските превои, магла на одредени патни правци – Еве каде има највисока снежна покривка, а каде најниски температури!

Снег на планинските превои, магла на одредени патни правци – Еве каде има највисока снежна покривка, а каде најниски температури!

Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово.

Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради магла од 100 – 150 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Битола, а највисока од 2 во Охрид.

УХМР информира дека -5 степени се измерени во Прилеп, -3 во Тетово, Штип, Виница и Куманово, -2 во Дебар, Кавадарци и Попова Шапка, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 во Скопје-Петровец и Крушево и еден степен во Претор и Гевгелија.

Висината на снежната покривка изнесува 46 сантиметри на Попова Шапка, 42 во  Маврови Анови, 22 во Крушево, 17 во Битола, 10 во Дебар, 9 во Тетово, 7 во Демир Капија, 6 во Штип и Берово и 5 степени во Лазарополе.

Претпладне по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Преку ден, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а со врнежи од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Во Скопје облачно со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината со повремен дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.