HomeАктуелноСобранието ги избра новите министри во Владата на Мицкоски, опозицијата ја напушти седницата

Собранието ги избра новите министри во Владата на Мицкоски, опозицијата ја напушти седницата

Со 69 гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржани“, Собранието вчера ги избра новите членови на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На функцијата министер за правда е избран Јетон Шасивари, додека Агон Ферати ќе раководи со Министерството за односи меѓу заедниците. Борче Серафимовски е нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Сашо Клековски застанува на чело на Министерството за здравство.Ѓоко Велковски е избран за министер за социјална политика, демографија и млади, Иван Стоилковиќ за министер за локална самоуправа, Седат Сулејмани за министер за култура и туризам, додека Ерџан Демир е назначен за министер без ресор.

Гласањето следуваше по повеќечасовна расправа исполнета со меѓусебни обвинувања и тензична атмосфера во собраниската сала. Пратениците од опозицијата ја напуштија седницата пред гласањето, незадоволни од развојот на настаните и од, како што посочија, отсуството на извинување од одредени владини претставници.

Во своето обраќање пред гласањето, премиерот Мицкоски изрази жалење за тензиите што го одбележаа денот во Собранието и порача дека очекува ваквите ситуации да не се повторат во иднина.

Со ова гласање, Владата доби нови кадри во повеќе ресори, со што беше заокружен процесот на кадровски промени предложени од парламентарното мнозинство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.