HomeАктуелноСобранието изгласа, возачите со „Б“ категорија ќе возат и мотоцикли до 125 кубика

Собранието изгласа, возачите со „Б“ категорија ќе возат и мотоцикли до 125 кубика

Собранието на Република Македонија на вчерашната седница по скратена постапка го усвои Законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со измените се овозможува лицата со возачка дозвола од Б категорија да управуваат мотоцикли со зафатнина до 125 см³, под услов:

– најмалку 5 години поседување Б категорија
– возачот да има наполнети 23 години
– дополнителна обука (4 часови теоретска обука во авто школа)

Законот ќе стапи на сила откако Министерството за внатрешни работи ќе ги пропише деталите за обуката и начинот на издавање потврди.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.