HomeАктуелноСобранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите за зголемување на платите во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите за зголемување на платите во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција

Собранието едногласно ја утврди потребата  по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со   Законите за изменување на законот за судска служба и  за јавнообивинителска служба вработените ќе земаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.

Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

Министерство за правда

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.