HomeАктуелноСобрание продолжува со надзорната расправа за аерозагадувањето

Собрание продолжува со надзорната расправа за аерозагадувањето

На петтата седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да продолжи надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Надзорната расправа почна на 20 мај. Комисијата за здравство покани сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации, со цел да дадат искази и одговори на комисиските членови и на другите пратеници.

Станува збор за втора надзорна расправа за аерозагадувањето, откако на 25 февруари годинава, се одржа надзорна расправа организирана од Левица и од СДСМ во Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, шго не беше поддржана од владејачкото мнозинство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.