HomeАктуелноСончево и топло со мала до умерена локална облачност

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. УВ=7

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела во претпладневните часови ќе има повремен локален дожд и ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури. Од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.